Динамо Загреб доживеа елиминација во Лига Европа по вистинска драма и продолженија на реванш дуелот против Генк во Белгија.
Откако на првиот меч од плеј-офот за пласман во осминафинале, „модрите“ загубија со 1-3 во Загреб, со истиот резултат им се реваншираа на Белгијците добивајќи го мечот во Генк во регуларниот дел со 1-3. Но, потоа во продолженијата примија два гола за конечни 3-3.
Во финишот на првиот дел од регуларните 90 минути, катастрофална грешка на домашниот голман која ја искористи Бакрар за водство на Динамо Загреб од 0-1.
Genk 0-1 Dinamo Zagreb – Fran Topić 45+2′ | agg. 3-[2]
by
u/4gjdtokurwa in
soccer
Во второто полувреме, Генк најпрво израмни на 1-1, а потоа Лука Стојковиќ од пенал во 57. минута погоди за 1-2. Истиот играч постигна феноменален погодок во 75. минута за водство и од 1-3.
Па, мечот се решаваше во продолженија, каде Генк успеа да постигне гол преку Ито во 101. минута за 2-3, а во 114.минута погоди и Хејманс за 3-3 и осминафинале на Генк во Лигата на Европа.
Genk (2)-3 Dinamo Zagreb – Junya Ito 100′
by
u/977x in
soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

