Лутината поради неочекуваниот домашен пораз од Митјиланд (0-1) во четвртото коло од Лигата на Европа, навивачите на Црвена Звезда сакаат да ја искалат на судијата на натпреварот, Томас Богнар.
Унгарецот на дуелот исклучи двајца фудбалери на домашните, поради што „Делиите“ го сметаа за единствен виновник за поразот.
Кога по крајот на натпреварот судијата одеше кон соблекувалните, навивачите го нападнаа со бројни тврди предмети. Но, место судијата, кој беше нивна мета, настрада кондицискиот тренер на Црвена Звезда, Федерико Панончини кој беше погоден во глава и веднаш се сруши на терен. Веднаш со возило на Брзата помош беше префрлен во болница каде му е констатирана пукнатина на черепот.
Поради овој инцидент, шефот на стручниот штаб Дејан Станковиќ не се појави на задолжителната прес-конференција по средбата, туку замина во болница каде беше со својот помошник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА