Анадолу Ефес ќе ја брани европската круна во финалето од Евролигата откако турскиот гигант славеше на првото полуфинале на Ф4 турнирот во Белград, над Олимпијакос со 77-74. Супердраматичниот дуел го реши ланскиот МВП, Србинот Василије Мициќ, кој ја погоди клучната тројка со звукот на сирената, за огромна радост на турскиот клуб и разочарување на грчките навивачи кои создадоа фанатична атмосфера во салата во Белград.
Олимпијакос подобро го отвори натпреварот, Фол доминираше во рекетот и му донесе на грчкиот гигант рано водство од седум поени. Шејн Ларкин беше единствениот расположен за игра во првите петнаесетина минути, а штом американскиот бек доби помош од Данстон и од Мициќ, Ефес експресно се врати во мечот, па на одмор се замина со минимална предност на Олимпијакос од 43-42. Третата четвртина почна во целосна доминација на турскиот состав, којвлезе во пеколен ритам во нападот, па за момент стигна и до водство од 11 поени (59-48). Во вистински момент за Олимпијакос се разбуди Американецот Дорси, кој погоди неколку тешки шутеви, а со неговата тројка со звукот на сирената третиот период заврши со само три поени предност за противникот (66-63).
Ефес ја одржуваше минималната предност во последната четвртина, во која Везенков промаши неколку чисти шутеви со кои можеше целосно да го врати Олимпијакос во мечот. Мициќ промаши две слободни фрлања при водство на својот тим од 73-70, но следниот напад не реализираше тројка, но за среќа на Ефес и кошаркарите на Олимпијакос беа неуспешни во своиете напади, па на 90 секунди до крајот резултатот гласеше 73-70 за турскиот состав. Грците се приближија на 74-72 и имаа напад на триесетина секунди до крајот, што Хасан Мартин на асистенција на Слукас го претвори во израмнети 74-74, на 19,5 секунди до крајот.
Мициќ ја зеде топката кај себе во последниот напад, се реши самиот да заврши и не згреши, погодувајќи тројка со звукот на сирената, за конечни 77-74 и пласман во големото финале.
Шејн Ларкин беше најефикасен кај Анадолу Ефес со 21 поен, Елајџа Брајант постигна 16, додека херојот Мициќ го заврши ова полуфинале со 15 поени зад своето име.
Мекисик со 12 поени беше прв стрелец на Олимпијакос, во чии редови тотално разочара Везенков, со само пет постигнати поени и шут од поле 2/10.
MIIIIIIICIIIIIIIIIIC
BRUTAL, QUÉ TRIPLAZOpic.twitter.com/bdWCwYnELx
— Gigantes del Basket (@GIGANTESbasket) May 19, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА