Во повеќе од драматичен натпревар, дури по продолжението Црвена Звезда славеше со 86-84 против рускиот гигант ЦСКА Москва во четвртиот натпревар од Евролигата.
Во регуларниот дел, натпреварот заврши 73-73, за да белграѓани во продолжението стигнат до триумфот, втор за нив сезонава во Евролигата.
Џордан Лојд со 31 поен ја предводеше Црвена Звезда до победата, а Марко Јагодиќ-Куриџа запиша 11 поени. Даниел Хакет постигна 29 поени за ЦСКА но недоволно за да се избегне поразот.
Црвена Звезда последен пат „армејците“ ги победи во 2016 година со 78-67 на домашен терен, а од тогаш нанижа пет едноподруго порази, се до денешниот триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА