Кошаркарите на Црвена Звезда загубија на гостувањето од Барселона со 86-82 во 21. коло од Евролигата.
Избраниците на Драган Шакота одиграа одличен натпревар, но не успеаја да издржат до крај во големата битка со фаворитот.
Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Миротиќ со 25 поен, а кај Црвена Звезда се издвоија Лоренцо Браун со 15 поен, како и Пантер со 13 поени.
Басконија, пак, на домашен терен славеше против Химки со 83-79, додека Баерн Минхен го победи Макаби Тел Авив со 80-68.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА