Драма во домот на Анчелоти: Ограбувачи го украле сефот, ќерката спречила и поголема штета

Ограбувачи синоќа упаднале во куќата на Анчелоти во Англија, во време кога во неа било дел од семејството.

Двајца маскирани ограбувачи, чиј идентитет се уште не е познат, провалиле во куќата притоа успевајќи да го украдат сефот на Анчелоти.

Според полицискиот извештај, согласно и видео-снимките од камерите планирале продолжување со кражбата и низ останатите делови од куќата но плановите им ги расипала ќерката на италијанскиот стратег.

Ќерката на Анчелоти била во куќата додека траел грабежот, успевајќи да ги уплаши крадците кои не очекувале дека некој е присутен во куќата, затоа што претходно од паркирано комби неколку часови снимале дали има лица. Но, без ниту најмалку да се уплаши, ќерката на Италијанецот се спротиставила и веднаш повикала полиција. Ограбувачите го зеле само сефот и побегнале.

Се вчитува...