Вистинска драма се одвива во Дортмунд поради конфликтот меѓу семејството Белингам и тренерот Ковач. Таткото на фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, и помалку познатиот помлад фудбалер на Борусија Дортмунд, Џоб Белингам, му се закани на тренерот на германскиот тим, Нико Ковач.
Причината е што тој не е задоволен од минутажата на својот помлад син во тој клуб. Џоб ова лето пристигна во Дортмунд од Сандерленд, со кого успеа да избори промоција од Чемпионшип во Премиерлигата.
Тој беше доведен со големи очекувања, но оттогаш одигра само два натпревари како стартер. Тоа не му се допадна на неговиот татко, Марк Белингам, кој долго време беше незадоволен од односот на клубот кон него, што резултираше со расправија со тренерот Нико Ковач, пишува Билд.
Управата на клубот веднаш реагираше и ги смири двете страни, но тензијата е сè уште очигледна, според упатени лица од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

