Драма во Евролигата: Монако се одбрани од Ефес, ПАО го освои Белград

Драматичните натпревари во Евролигата продолжија и на отварањето на второто коло. На Монако и Ефес им беа потребни дополнителни пет минути по кои домашниот состав се радуваше на победа од 93-89, додека Панатинаикос славеше на гостувањето во Белград против Црвена Звезда со 75-77.

Ефес беше на добар пат да избори победа и во вториот натпревар кога во самата завршница имаше предност од 80-82 и нападот, но откако Мбаје не успеа да реализира, Мајк Џејмс донесе изедначување. Мициќ имаше шанса да донесе победа, но Србинот промаши од тешка позиција, а на три секунди до крајот не успеа да реализира ниту Џејмс. Во продолжението пресуди немиранта рака на турскиот состав од линијата за слободни фрлања од каде беа промашени пет обиди па Монако се радуваше на победа.

Џејмс со 19 поени и 4 асистенции го предводеше Монако, додека Клајбурн со 27 поени, 6 скока и 6 асистенции беше лидер на Ефес.

Црвена Звезда беше на прагот на победа во Белград, на две и пол минути до крајот имаше предност од 73-65, но успеа да реализира само два поени во продолжението. Тоа го искористи грчкиот состав кој мирно реализираше во пенал-завршницата за важна победа во битката за место во плеј-оф.

Бентил ја предводеше Црвена Звезда со 18 поени и 6 скока, а Григонис беше лидер на Панатинаикос со 17 поени и 3 асистенции.

Се вчитува...