Резултатската криза на Баерн Минхен продолжи откако баварскиот гигант и трет меч во низа не успеа да стигне до триумф, ремизирајќи 3-3 на гостувањето против Ајнтрахт. За разлика од претходните две средби на кои проблем беше неефикасноста на нападот, овојпат слабата одбрана беше причината што баварскиот гигант не стигна до цел плен, и тоа со примен гол во 94. минута.
Баерн прв дојде до водство преку Ким, по несебичното додавање на Томас Милер, но Ајнтрахт со два гола од контранапади направи целосен резултатски пресврт преку Мармуш и Екитике. Баварците до крајот на полувремето израмнија на 2-2 преку Упамекано, а потоа на стартот од второто полувреме со голот на Олис повторно дојдоа до предност.
Долго време се чинеше дека тој гол ќе биде и победнички за Баерн, но во 94. минута Мармуш повторно одлично се снајде во контранапад, го матираше Нојер и донесе огромна радост на домашните навивачи на стадионот во Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА