Кире Лазаров со својот Нант загуби (29-30) од ПСЖ во дерби пресметката од 13. коло во францускиот шампионат која имаше повеќе од драматична завршница.
Македонскиот селектор Раул Гонзалес беше подобар од капитенот на репрезентацијата на мечот во кој ПСЖ на гостински терен славеше благодарение на погодокот буквално во последната секунда на Микел Хансен за 29-30.
Во крајно неизвесен натпревар, ПСЖ беше поконцентриран во финишот кога на неколку минути пред крајот имаше и три гола предност. Но, Нант благодарение и на Лазаров успеа на шест секунди пред крајот да дојде до израмнување на 29-29. Сепак, Хансен во последната секунда донесе победа за ПСЖ.
Кире Лазаров мечот го заврши со пет постигнати гола од осум обиди, најефикасен кај ПСЖ беше Микел Хансен со феноменален ефект од 10 гола од 12 обиди.
ПСЖ сега со 25 бода, по 13 одиграни натпревари, дополнително се зацврсти на врвот од табелата пред Нант кој остана на втората позиција со 22 бода. На делба на третата позиција се Монпеље и Шамбери со по 21 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА