ДРАМА во Германија: Борусија Д. му подари 11-ти трофеј по ред на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд не успеа по цели 11 години да прослави титула во Бундеслигата само по своја вина откако во последното коло ремизираше пред своите навивачи (2-2) со Мајнц. А, сето тоа успешно го искористи Баерн Минхен кој на гостувањето против Келн славеше со 1-2 за одбрана на трофејот во германскиот шампионат.

„Милионерите“ во пеколен амбиент на „Вестфален“ беа шокирани од Мајнц. И покрај тоа што целиот Дортмунд живееше за овој ден, фудбалерите не успеаја да им донесат радост по цели 11 години кога последен пат под водство на Јирген Клоп дојдоа до трофејот.

Борусија Дортмунд имаше шокантен почеток на натпревар кој им пресуди. Мајнц крајно изненадувачки на преполниот „Сигнал Идуна Парк“, или легендарниот „Вестфален“, дојде до водство од 0-2 по само 25 минути игра.

Затоа, пак, за да биде шокот зголемен Онисиво во 24. минута погоди за гостите за 0-2.

А, Борусија Дортмунд се разбуди во второто полувреме кога преку Гуереро во 69.минута успеа да дојде до 1-2, а за да биде драмата поголема Суле во 96. минута само успеа да донесе 2-2, за уште поголема трагедија за „милионерите“ кои само поради полоша гол-разлика останаа без титула.

Вистинска драма се случуваше во Келн, каде Баерн Минхен поведе уште во 8. минута со голот на Коман.

Но, Келн во 81. минута со голот на Љубичиќ од пенал дојде до 1-1 и огромна радост во Дортмунд. Со реми во Келн, Борусија и покрај негативата против Мајнц ќе дојдеше до трофејот.

Сепак, Баерн Минхен не пропушти таква шанса па со голот на Мусиала во 89. минута дојде до голема победа и 11-ти трофеј по ред во Бундеслигата.

БУНДЕСЛИГА – 34. КОЛО

Келн – Баерн Минхен 1-2

Борусија Дортмунд – Мајнц 2-2

Менхенгладбах – Аугсбург 2-0

Бохум – Баер Леверкузен 3-0

Ајнтрахт Ф. – Фрајбург 2-1

Лајпциг – Шалке 4-2

Штутгарт – Хофенхајм 1-1

Унион Берлин – Вердер 1-0

Волфсбурх – Херта 1-2

Се вчитува...