Драма во Истанбул: Ефес со една супер-четвртина го реши Милано

Анадолу Ефес ја прекина серијата слаби игри во Евролигата, по голема борба славејќи над Милано со 79-73. Ова беше прв дуел на турскиот гигант по отказот за тренерот Џан, а кошаркарите на Ефес во долги периоди делуваа надвор од ритам. За среќа, за победа доволна им беше една одлична четвртина, онаа третата што ја добија со 30-7, правејќи голем пресврт со кој стигнаа до победата.

Првата четвртин мина во израмнета борба (15-15), но Милано заигра далеку подобро во вториот дел, на одмор заминувајќи со предност од девет поени (34-43). Ефес конечно заигра како што му доликува на двократен европски првак, со извонредниот трет период не само што се врати, туку и стигна до двоцифрено водство. Но, тоа не беше крај на возбудувањата, гостите од Италија успеаја да се вратат и преку Шилдс дури и да израмнат на 71-71 на три и пол минути до крајот.

Клајбурн погоди важна тројка за ново водство на Ефес, домаќините потоа го кренаа интензитетот во одбраната, примајќи само два поени до крајот на мечот, тримфирајќи со конечни 79-73.

Шејн Ларкин беше најдобар поединец во победничкиот тим со 19 пое и и 6 асистенции, додека 17 поени постигна центарот Тибор Плајс. Кај гостите од Милано најефикасни беа Шилдс со 17 и Фоигтман со 16 поени.

Се вчитува...