Анадолу Ефес се наоѓа во сериозна криза во Евролигата, но актуелниот европски првак вечерва сепак успеа да стигне до триумф на домашен терен против Панатинаикос, со минимални 82-81. Херој на Ефес беше Моерман, кој постигна тројка на една секунда до крајот, спречувајќи нов „кикс“ на избраниците на Атаман на европската сцена.
Панатинаикос целосно му парираше на турскиот гигант во текот на натпреварот, а конечниот исход можеше да биде поинаков доколку Вајт ги реализираше двете слободни фрлања при 79-80. Гостинскиот кошаркар беше прецизен само еднаш, Ефес одигра „на се или ништо“ во последниот напад, а акцијата за тројка на Моерман беше беспрекорно реализирана на огромна радост на домашните фанови и кошаркари.
Мициќ постигна 20 поени, но имаше катастрофални 0/7 за тројка на оваа средба, херојот Моерман реализираше 15 поени, додека кај Панатинаикос најефикасни беа Недовиќ со 20 и Мекон со 17 поени.
Are you not entertained?! @moerman42 calling GAME 😎 #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/IUi2919HIl
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) January 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА