Тренерот на Фенербахче, Доменико Тедеско беше итно префрлен во болница поради инфекција на белите дробови. Според турските медиуми, болеста во голема мера ги зафатила белите дробови и е под постојан медицински надзор.
Клубот потврди дека поради неговата здравствена состојба, тој нема да го води тимот на натпреварот од Купот на Турција против Газијантеп.
„Нашиот главен тренер моментално се лекува од тешка инфекција. Техничкиот дел од управувањето со тимот ќе го преземе помошникот тренер Зеки Мурат Гуле“, објави Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

