Драма во Италија – Арнаутовиќ цел на вооружен грабеж

Австрискиот фудбалер со српско потекло, Марко Арнаутовиќ, синоќа бил цел на разбојници, пренесуваат италијанските медиуми.

Околу 23 часот, двајца криминалци се обиделе да влезат во вилата на Марко во близина на Комо, при што дошло до жестока физичка пресметка меѓу разбојниците и чуварите на вилата. Еден од чуварите бил погоден со тежок предмет во главата и е пренесен во болница.

Ниту фудбалерот ниту неговото семејство не биле дома во тој момент. Во куќата биле опслужителите на семејството Арнаутовиќ, филипинска двојка која веднаш повикала полиција. По судирот со чуварите, разбојниците побегнале од местото.

Се вчитува...