Драма во Кина: Караско му го спаси животот на Гаитан (видео)

Јаник Караско и Нико Гаитан заедно се преселија од Атлетико Мадрид во Далијан, а аргентинскиот плејмејкер му го должи животот на својот соиграч откако Караско спречи трагедија за време на денешниот дуел со Пекинг.

Гаитан се судри со еден противнички фудбалер и остана неподвижен да лежи, а на судијата му требаа неколку секунди за да забележи дека ситуацијата е многу сериозна. За среќа, најприсебен беше белгискиот интернационалец, кој веднаш притрча до својот пријател, му го извади јазикот и спречи нова трагедија на фудбалските терени.

Се вчитува...