Драма во Мадрид – Атлетико не издржа, Селта обезбеди реми!

Интересен и возбудлив натпревар во Мадрид. Лидерот во Ла лига, Атлетико, не успеа да дојде до нова победа. Овој пат беше изненаден од незгодната Селта, па на крај се задоволи со еден бод (2-2).

Првото полуверме го отворија гостите, постигнувајќи гол во 13.минута, а стрелец беше Санти Мина. Ова беше сериозна закана за тимот на Диего Симеоне, кој во овој натпревар влезе со неколку повредени – клучни играчи. Незгодната Селта во неколку наврати успеа да им пркоси на дефанзивците од Мадрид, но без успешна реализација. Кон крајот на првото полувrеме кога се чинеше дека гостите ќе заминат со водство на пауза, се појави Суарез, кој успеа да се најде на вистинското место, и по супер асистенцијата на Лоренте, одлично ја прими топката и ја смести во противничката мрежа, за резултат од 1-1.

Вториот дел од натпреварот започна поинаку за гостите, сега Атлетико ја имаше контролата и во неколку наврати се закани кон голот на Селта, а „судбоносна“ беше 57. минута, кога одличниот репрезентативец на Аргентина, Суарез, повторно беше прецизен и погоди за 2:1 и донесе пресврт на овој дуел. До крајот на натпреварот Селта го имаше поседот на топка во своите нозе, па нивната упорност се исплатеше во 89.минута, кога Фернандо Фереира успеа да го совлада Облак и да обезбеди „слатко“ реми во Мадрид.

На врвот од Ла Лига, сега „јорганџиите“ имаат 51 бод, осум повеќе од Барса и Реал, кои се наоѓаат на втората и третата позиција.

Се вчитува...