Драма во Мадрид: Се запали хотелот на шпанските репрезентативци

Ноќеска драма се одвивала во хотелот во кој се наоѓале кошаркарите на Шпанија кои се подготвуваат за настап на престојниот Мундијал. Дел од играчите приметиле што се случува, и веднаш почнале да бегаат.

Хотелот „Мелија Кастилја“ во центарот на Мадрид се запалил од засега непознати причини. Проблемот настанал во кујната, од каде веднаш се проширил димот. Повредени се две лица од кујната, и едно лице од обезбедувањето на хотелот.

Во моментот на пожарот голем дел од репрезентативците спиеле, а дел од нив не ни приметиле што се случило, но дел од нив почнале панично да бегаат откако чадот стигнал до нивните соби. Пожарот бил локализиран со помош на пожарникарите, при што ниту еден од шпанскиот национален тим не е повреден во овој инцидент.

Шпанија на Мундијалот е во група со Бразил, Брегот на слоновата коска и Иран.

 

Се вчитува...