Бајрон Матос, играч на Мајами Долфинс, беше итно префрлен од тренинг во болница. Драмата во Мајами по првиот тренинг за тимот ова лето загрижи многу луѓе, откако офанзивниот играч беше префрлен со хеликоптер во болница.
Според американските медиуми, Матос претрпел повреда на крајот од тренингот која не беше јавно објавена, но се знае дека неговата состојба е стабилна во моментов.
„Ни го крши срцето, човече. Многу е тешко“, изјави неговиот колега, Остин Џексон.
Матос е роден во Санто Доминго, Доминиканска Република, и играл на Универзитетот во Јужна Флорида каде што, покрај фудбалот, играл и кошарка.
Засега се уште нема детални информации за неговата состојба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

