Драма во Мелбурн: Зверев урлаше на српската судијка – Алкараз се мачи со грчеви (ВИДЕО)

На крајот од третиот сет на полуфиналниот дуел меѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев кој се игра во моментов, се случи ситуација што може целосно да го преврти ова полуфинале на Австралија Опен.

Имено, Шпанецот водеше со 2-0 во сетови и имаше 5-4 во третиот, кога почувствува болки што го натераа да побара медицински тајм-аут.

Поради ова, Зверев се налути на главната судијка на овој натпревар, Србинката Маријана Вељовиќ, прекорувајќи ја што не го пушти часовникот за да го измери дозволениот прекин.

„Зошто не го пушти часовникот? Грчеви се, зошто не почнува времето?“ – урлаше Саша на Маријана, а таа се обиде да се одбрани:

„Не можам да знам дали се грчеви или повреда.“

Потоа Алкараз разговараше со Вељовиќ, и и објасни што го мачи, а Зверев отиде во својата бокс повторувајќи:

„Ова се глупости!“

Потоа постојано повторуваше „грчеви, грчеви“ на германски и постојано беше гласен, викајќи по Србинката и главниот супервизор на натпреварот за паузата и целата ситуација.

„Ова е ср.ње, ова ср.ње“ – постојано повторуваше Зверев.

Алкараз откако доминираше во првите два сета, сега се мачи со грчеви, па Зверев го доби третиот сет со 7-6 за намалување на предноста на Шпанецот на 2-1 во сетови, а во четвртиот сет во моментов е 6-5 во гемови за Зверев.

Се вчитува...