Драма во Монца со „хепиенд“ за Јувентус

Јувентус дојде до значајни три бода во трката за највисок пласман откако „старата дама“ во супердраматичен натпревар славеше на гостувањето против Монца со 1-2. Дуелот беше исклучително неизвесен, Монца во 90. минута успеа да израмни на 1-1, но Јувентус покажа карактер и преку Гати во судиското продолжение постигна втор гол за огромни три бода.

Почетокот мина во знакот на гостите од Торино, откако беше досуден пенал за Јуве, но Влаховиќ не успеа да го совлада домашниот голман од белата точка. Само една минута подоцна Јувентус сепак поведе со голот на Рабио, со глава по корнер од десната страна, по што гостите делуваа во контрола во текот ан првото полувреме.

Во вториот дел Јувентус се повлече и реши да се брани, а ваквата тактика за малку скапо ќе ја чинеше „старата дама“, откако Карбони испрати центаршут, топката не удри ниту еден фудбалер и заврши во мрежата на Шчесни. Домаќините се уште славеа, а Јувентус успеа да постигне и втор гол, повторно Рабио беше во центарот на вниманието, овојпат со одличен продор и асистенција до Гати, што дефанзивецот на „старата дама“ го претвори во погодок за конечна победа.

Се вчитува...