Будуќност има предност од 2-1 во финалето од АБА лигата откако во третиот натпревар славеше во Подгорица против Црвена Звезда со 78-77.
Во вистинска драма во „Морача“ домашните стигнаа до победата благодарение на извонредната трета четвртина кога тотално ја анулираа предноста на „црвено-белите“ од пет поени на полувремето. До крајот белграѓани се обидоа да дојдат барем до продолжение но со слободното фрлање на Гордиќ на 88 секунди пред крајот беше обезбедена победата. Црвена Звезда имаше на крајот и напад за триумф но Лесорт на три секунди до звукот на сирената не успеа да погоди.
Kia Special Moment(s):@alen_omic_23 & @ThiasLsf shaking the rims in Sports Center Morača! ??? #ABALiga #RoadToGlory #BUDCZV @kkcrvenazvezda pic.twitter.com/M2Cs9hxFao
— ABA Liga (@ABA_League) April 13, 2018
Најефикасен во победата на Будуќност беше Гордиќ со 17 поени, дополнети и со 5 асистенции, а Николиќ мечот го заврши со 12 постигнати поени. Кај Црвена Звезда се издвоија Фелдин со 19 поени и Омиќ со 18 постигнати поени.
Четвртиот натпревар на програмата е во сабота од 21 часот, исто така во Подгорица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА