Чикаго славеше против Торонто со 109-105 во натпреварот од плеј-ин турнирот во НБА лигата, па Булс ќе се бори со Мајами, кој претходно загуби од Атланта, ќе се бори за местото осми носител за плеј-офот во лигата.
Торонто имаше и 19 поени предност на почетокот од третата четвртина, но Чикаго предводен од Зак ЛаВајн со 39 поени, од кои 17 постигна во третиот период, дојде до пресврт.
ДеМар ДеРозан дополни со 23 поени за Чикаго, додека Никола Вучевиќ со 14 поени имаше и 13 скока. Паскал Сиаким беше најдобар кај Торонто со 32 поени, девет скока и шест асистенции.
Победникот од мечот меѓу Чикаго и Мајами ќе игра против Милвоки во плеј-офот во НБА лигата.
Оклахома, пак, ќе игра против Минесота во завршниот натпревар во битка за плеј-офот, откако славеше против Њу Орлеанс со 123-118. Минесота претходно го победи ЛА Лејкерс.
Натпреварот беше драматичен до самиот крај за да на крајот Оклахома успее да дојде до посакуваната победа. Александер беше најдобар со 32 поени, додека Брендон Инграм имаше 30 поени кај Њу Орлеанс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

