Драма во Неапол: Ангиса донесе победа на Наполи во 95. минута

Наполи со многу среќа стигна до втората победа во низа од стартот на Калчо-лигата откако по голема борба славеше над Калјари со минимални 1-0.

Гостите од Сардинија цели 94 минути одолеваа на нападите на актуелниот првак, Наполи конечно се разбуди во судиското продолжение, Мектоминеј промаши две убави шанси, за во 95. минута Ангиса да стрела прецизно за 1-0 и огромна радост на „Диего Армандо Марадона“.

Победничкиот гол за „наполитанците“ можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Рома на вториот меч од вечерашната програма славеше со 0-1 на гостувањето против Пиза, со голот на Аргентинецот Зуле постигнат во второто полувреме.

Се вчитува...