Кире Лазаров и Ним претрпеа пораз во францускиот шампионат, со минимални 33-32 на гостувањето против Ним, со што тимот на македонскиот репрезентативец останува на третото место на табелата.
Лазаров и соиграчите имаат за што да жалат, бидејќи се вратија од „минус шест“ во второто полувреме и го одведоа мечот во неизвесна завршница. При 31-31 Нант имаше и напад за водство на една минута до крајот, но новиот „вардарец“ Гурбиндо изреагира почетнички, не се ослободи од топката и им ја подари на домаќините. Ним погоди за 32-31, а Нант тргна во последните 15 секунди „седум на шест“. Лазаров мајсторски асистираше за гол за израмнување, но гостите не се сменија навреме, голманот Думулан влезе подоцна од предвиденото, па Ним со гол во празна мрежа на три секунди до крајот стигна до победата.
Лазаров го заврши натпреварот со три гола од четири обиди, а најефикасни кај Нант беа Шпанците Ривера со седум и Гурбиндо со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА