Драма во Нотингем со хепиенд за „шумарите“

Нотингем форест ја забележа првата премиерлигашка победа сезонава, триумфирајќи со 2-1 на првиот домашен дуел против екипата на Шефилд Јунајтед.

„Шумарите“ подобро го почнаа натпреварот и заслужено поведоа преку Авонији, кој стрелаше на асистенција на Орие за свој шести меч во низа на кој успеа да се запише меѓу стрелците во дресот на Нотингем.

Гостите од Шефилд не се предадоа, па преку Хамер на самиот почеток од второто полувреме успеаја да го израмнат резултатот. Тоа беше само најава за возбудувањата во вториот дел, во кој Нотингем во самиот финиш успеа да стигне до трите бода благодарение на голот ан „резервистот“ Вуд, повторно на асистенција на десниот бек Серж Орие.

Се вчитува...