Службите за итни случаи во олимпиското село мораа да реагираат откако гимнастичарката Леви Јунг-Руививар доживеа тешка алергиска реакција. Додека барала медицинска клиника во селото си вбризгала „ЕпиПен“, по што се јавила на 911, кој веднаш реагирал.
За среќа, се помина добро и таа сега е подготвена да се натпреварува.
Гимнастичарката која сега ги брани боите на Филипините е алергична на јаткасти плодови, а по целиот хаос се чувстувава добро и даде објаснување што точно се случувало во олимпиското село.
„На пат кон центарот за лекување, моите симптоми на алергија брзо се влошија. Дишењето ми стана многу потешко, грлото почна да ми се стега, градите ме чешаа, а имав силен оток“, изјави Јунг-Руививар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА