Драма во Подгорица: На Црвена Звезда во последните секунди и се ‘лизна’ титулата во АБА-лигата!

Кошаркарите на Црвена Звезда не успеаја во Подгорица да ја слават новата титула во АБА-лигата, откако во повеќе од драматичен натпревар доживеаја пораз од 81-80 од Будуќност буквално во последните секунди од мечот. Па, Будуќност искористувајќи го домашниот терен израмни на 2-2 во финалната серија, изборувајќи се за мајсторка за титула во Белград.

Низ главно израмнет натпревар, Црвена Звезда, сепак, го контролираше резултатот во поголемиот дел од мечот. Белграѓани со предност од три поени заминаа на полувремето (39-42), а во последниот период од играта влегоа и со пет поени предност (58-63).

Но, Будуќност максимално се разигра во последната четвртина. Низ трпелива игра, мудро очекувајќи ја својата шанса Црногорците на 40 секунди пред крајот дојдоа и до 80-80 со поените на Николиќ. Откако Црвена Звезда не реализираше напад, фаулиран Кобс на спротивната страна и на седум секунди пред крајот реализира само едно за предност на Будуќност од 81-80.

Во последниот напад Лојд и Давидовац промашија шутеви за титула на Црвена Звезда, па ќе се игра мајсторка во Белград за новиот шампион во АБА регионалната лига.

Кобс беше најефикасен кај Будуќност со 22 поени, дополнети и со седум асистенции, а Митровиќ заврши со 13 постигнати поени. Кај Црвена Звезда се издвои Лојд со 23 поени и три скока.

Се вчитува...