Мароканскиот репрезентативец Хаким Зијеш веројатно е најголемиот губитник во јануарскиот преоден рок.
Зијеш веќе беше виден во дресот на ПСЖ откако уште во понеделникот отпатува на лекарски прегледи и се чекаше само официјалната потврда за неговиот трансфер. Меѓутоа, доцна синоќа шокантни вести за Мароканецот.
ПСЖ и Челси успеаја да договорат негова позајмица до крајот на сезоната, но клубовите не успеаја на време да ја подготват документацијата како се би се завршило и покрај тоа што Зијеш ги помина и лекарските прегледи и потпиша договор со парижаните.
Француските медиуми пренесуваа дека катастрофална грешка направиле од „Стемфорд бриџ“ поради што од ПСЖ се навистина лути, најавувајќи и жалба. Но, се чини дека сето тоа е сега веќе залудно, а Зијеш ќе мора до јуни да остане во Челси и покрај неговата огромна желба да се пресели во редовите на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА