Драма во Рим: „Волчицата“ до триумф во 92. минута против Специја (ВИДЕО)

Рома се врати на победите во Серија А, по претходниот пораз од Лацио, триумфирајќи во 19. коло против Специја со 4-3.

„Волчицата“ поведе со голот на Мајорал во 17. минута, но гостите израмнија пред полувремето.

 

На почетокот од вториот дел Рома дојде до предност од 3-1 со вториот погодок на Мајорал во 52. минута, и голот на Карсдорп во 55. минута.

Гостите во 59. минута преку Фариас успеаја да намалат на 3-2, а кога се чинеше дека така и ќе заврши, најпрво Специја со голот на Верде во 90. минута израмни на 3-3, а Рома со голот на Пелегрини во 92. минута како-така дојде до трите бода.


Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...