Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, по три едноподруго порази, дојдоа до првиот бод во плеј-офот од Суперлигата, ремизирајќи 24-24 на гостувањето во Струга.
На дуелот на двата тима од дното на табелата, битолчани во самиот финиш успеаја да дојдат до бодот.
Ракочија и Николиќ беа најдобри кај Струга со по шест гола, а Петровиќ со девет погодоци беше најефикасниот кај гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА