Драма во Тексас: Пукотници по мечот на Сан Антонио и Детроит (ВИДЕО)

По натпреварот меѓу Сан Антонио и Детроит, вистинска драма се случувало во Тексас. Според американските медиуми, инцидентот се случил додека навивачите ја напуштале арената.

Се се случило по мал судир на возила на паркингот, по што 48-годишен маж се приближил до возилото на друг маж и испукал два истрела, погодувајќи ја жртвата во горниот дел од телото.

Веднаш му била укажана медицинска помош, а случајно во близина се нашле лекар и медицинска сестра.

Едниот од двата истрела завршил во рамото, додека другиот куршум останал заглавен во телото на жртвата. Осомничениот веднаш бил приведен.

Патем, Сан Антонио победи со 121-106 во дербито на НБА, со доминација на Виктор Вембањама.

Се вчитува...