Бешикташ во неверојатна завршница на турското првенство се закити со титулата благодарение на подобрата гол-разлика во однос на Галатасарај, и тоа за само еден гол подобра разлика во однос на големиот градски ривал.
Бешикташ славеше на гостувањето против Гезтепе со 1-2 и ја заврши сезоната со „плус 45 гола“, додека Галатасарај триумфираше на домашен терен против Малатија со 3-1. Галата во финишот бркаше да постигне и четврти гол со кој ќе стигнеше до титулата, но не успеа во тоа, па титулата заврши кај „црно-белите“ од Истанбул.
Фенербахче, кој долго време сезонава беше лидер на табелата, вечерва со два гола во судиското продолжение триумфираше на гостувањето против Кајсери со 1-2, што беше доволно само за освојување на третото место, зад водечките Бешикташ и Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА