Словенија е третиот четвртфиналист на одбојкарското Европско првенство откако оваа селекција во епска битка во Варна успеа да ја совлада Турција со 3-2 во сетови. Турците имаат за што да жалат, откако ги добија првите два сета и се најдоа на работ на историски успех – прво четвртфинале на едно машко европско одбојкарско првенство.
Словенците дури тогаш почнаа да играат како што знаат и умеат, го добија третиот сет со 25-21, а потоа во четвртиот се вратија од „минус три“ и на крајот славеа со 25-23. Тајбрејкот беше супердраматичен, Турција имаше водство од 8-9 и 10-11, но Словенија заигра најдобро кога беше најважно и со неколку поени од прво темпо стави печат на победата, со конечни 15-13 во решавачкиот сет.
Ривал на Словенците во четвртфиналето ќе биде победникот од вечерашниот дуел меѓу Португалија и Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА