Драмата во Белград со среќен крај на Црвена Звезда

Првото српско вечно дерби оваа сезона во АБА лигата заврши со победа на Црвена Звезда над Партизан во супердраматична завршница со 89-84.

Во супердраматичниот натпревар во Белград двата тима имаа свои моменти во кои ја контролираа играта, но побеникот беше одлучен во последните секунди од средбата во кои пресуди мирната рака на Никола Калиниќ од линијата за слободни фрлања.

На 14 секунди пред крајот Црвена Звезда поведе со 87-84, Партизан имаше напад за изедначување, но „црно-белите“ погрешија на изведувањето од аут па победата им припадна на домаќините.

Со 14 поени и 4 скокови Боломбој беше лидер на Црвена Звезда, додека 19 поени и 7 асистенци и за Партизан постигна Карлик Џоунс.

Се вчитува...