Пелистер им се врати на победите во Првата македонската кошаркарска лига откако во 20. коло славеше на гостувањето кај Чаир 2030 со – во драматичен натпревар во кој победникот беше одлучен во последните секунди.
Двата тима го менуваа водството во првото полувреме. Чаирчани беа подобри во поголемиот дел од првата четвртина, но и покрај тоа имаа негатива од 18-19, а предноста битолчани ја задржаа и на полувремето за 30-34. Изедначениот ритам продолжи и во третата четвртина (49-50), а победникот беше одлучен во последните 18 секунди со поените на Мишковиќ од „одбојка“ за предност од 64-69.
Со 20 поени и 10 скокови лидер на Пелистер беше Какруки, додека 20 поени и 6 скокови за Пелистер постигна Мишковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА