Работнички и Фени Индустри одиграа возбудливо дерби во 14. коло од Првата македонска кошаркарска лига кое на крајот, во драматична завршница благодарение на поголемата концентрација во последните секунди им припадна на кавадарчани.
Работнички имаше можност да дојде и до победа во „Градски парк“, но најпрво Мираковски и Чековски на десеттина секунди пред крајот не се разбраа во нападот кој можеше да донесе триумф, па прокоцкаа напад, а во последната секунда Владо Илиевски не успеа да го погоди последниот шут за продолжение, од линијата за три поени…
По овој пораз Работнички ја препушти лидерската позиција на табелата на Фени Индустри која е единствена екипа сега со 12 победи во шампионатот.
[new_royalslider id=”525″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА