Драмата во Скопје со среќен крај за Литванија

Вториот натпревар од претквалификацискиот турнир за плсман на за СП 2021 кој се одржува во Скопје донесе драма и неизвесна завршница во која се радуваше женската ракометна репрезентација на Литванија, откако славеше против Грција со 27-26.

Репрезентацијата на нашиот јужен сосед имаше водство во поголемиот дел од натпреварот и предност од 24-26 на две и пол минути до крајот, но Литванките во самата завршница покренаа серија од 3-0, а одиграа и одлично во одбраната во последниот напад на Грција и стигнаа до значајна победа.

Македонија, кој денеска славеше над Исланд на отварањето на турнирот, утре од 17 часот ја пречекува репрезентацијата на Литванија.

Се вчитува...