Драмата во Струга без победник

Ракометните екипи на Струга и на Тиквеш, одиграа нерешено 25-25 во првата пресметка од 21. коло во ракометната Суперлига.

Мечот помина цело време во неизвесност, а ниту еден од двата тима не успеа да направи поголема предност од 2 гола разлика. Во првото полувреме повеќе во водство беше тимот на Струга, додека во вториот повеќе гостите, за на крајот да заврши мечот нерешено.

На крајот Тиквеш во последен напад можеше да дојде до победа, но не успеа да погоди Обина.

Најдобри стрелци на мечот беа Стојков од Струга, и Манасков од Тиквеш кои постигнаа по осум голови.

Се вчитува...