Ракометарите на Бутел ја забележаа шесттата победа во суперлигашката конкуренција откако во 9. коло потешко од очекувањата славеа на гостувањето кај Бисинов со 25-26 и тоа по целосен пресврт во второто полувреме по кој следеше и голема драма во која херојот за гостите е Николов.
Велешани одиграа одлично прво полувреме во кое по стартната изедначеност со две мини серии поведоа со 13-11 на полувремето. Сепак скопскиот тим ја најде претпознатливата форма во вторите 30. минути. Брзо ја анулираше негативата, одигра умешно на двата дела од теренот па во еден момент поведе со 22-25, предност која се чинеше дека ќе биде доволна за нов триумф.
Сепак Бисинов не се откажа, направи серија од 3-0 со која го изедначи натпреварот (25-25) па следеше драма до самиот крај. На нешто повеќе од минута од мечот Николов постигна гол за предност на Бутел, а последниот напад им припадна на велешани. Тајм-аутот на домаќините на 30 секунди пред крајот сепак не вроди плод, домашниот тим загуби топка за гостинска радост.
Со девет гола Трајковски беше лидер на Бисинов, додека Ѓеоргиевски постигна шест гола за Бутел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА