Јувентус и Сасуоло одиграа крајно неизвесен и тежок натпревар во рамки на 34. коло од Серија А, а на победата на крај се радуваше „Старата дама“, 1-2.
Џакомо Распадори го отвори натпреварот дури во 39. минута, успевајќи да ја затресе мрежата на тимот од Торино и да донесе водство од 1-0. Сепак, по неколку минути следуваше брз одговор од Јуве, а Пауло Дибала донесе реми од 1-1, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел домаќините ја држеа играта под контрола, постојано иницираа напади, но им фалеше реализација. Јувентус се бранеше се до 88. минута, кога на сцена стапи Мојс Кин, кој постигна гол за голема победата на својот тим.
Јувентус по овој натпревар има 66 бода и се наоѓа на четвртата позиција, еден бод помалку од третопласираниот Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА