Во повеќе од драматичен натпревар Реал Мадрид славеше со 81-77 против Фенербахче на стартот од новата сезона во Евролигата.
„Кралевите“ до победата дојдоа низ меч во игра “топло-ладно“ но успеаја да го издржат притисокот на турскиот состав. По одличниот старт и добиената прва четвртина со 30-21, Фенербахче се врати во игра во вториот период па на полувремето се замина со предност на Реал Мадрид од само еден поен (43-42).
Во второто полувреме повторно одличен старт на домашните кои пред последната четвртина дојдоа и до 64-55, за да до крајот потоа успеат да ги издржат ‘налетите’ на Фенербахче во обидот да дојдат до пресврт.
Најефикасен во победничкиот тим беше Џефри Тејлор со 19 поени, додека Кампацо мечот го заврши со 14 поени и 8 асистенции. Нандо Де Коло со 22 поени и Дерик Вилијамс со 19 поени и 10 скока, во составот на Фенербахче, не можеа сами во обидот да се дојде до победа во Мадрид.
Претходно, Баерн Минхен славеше против Милано со 78-64.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА