Кошаркарите на Кожув стигнаа и до осмата своја победа во 13. коло од Првата македонска кошаркарска лига триумфирајќи на гостувањето во СЦ „Билјанини извори“ против Охрид со 80-86 (20-26,20-23,21-14,19-23).
Гевгеличани одлично го почнаа мечот наметнувајќи ритам за предност, па на полувреме заминаа со плус девет поени на своето конто (40-49).
Но, домашните на планираа предвреме да се предадат. Иако Кожув во еден период од третата четвртина стигна до предност и од 15 поени, сепак охриѓани заиграа далеку поцврсто во одбраната, па со подобра игра на три минути пред крајот Охрид стигна и до негатива од само три поени (73-76).
Во финишот, на минута и 43 секунди, домашните стигнаа и до 77-78 со поените на Брукс. Во крајно тензичен финиш, охриѓани имаа можност за пресврт но Брукс не реализираше од линијата за слободни фрлања, па на крајот се стигна до победа за Кожув од 80-86.
Предводници во победата на Кожув беа Ѓурасовиќ со 22 поени, Димчевски со 21 поени и МекНил со 20 поени, додека кај Охрид најдобар беше Брукс, додека по 13 поени постигнаа Милојевиќ, Михајловски и Јанески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА