Драматичен судир на Перез и Сајнц на два круга пред крајот, Пјастри победник на трката за ГН на Азербејџан (ВИДЕО)

Фантастичниот возач на Мекларен, Оскар Пјастри е победник на 17. трка од годинашниот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Азербејџан.

Младиот Австралиец триумфираше пред Шарл Леклер од Ферари, во трката во која Серхио Перез и Карлос Сајнц учествуваа во драматичен судир на крајот од трката.

Токму инцидентот на крајот од трката го одбележе денешното случување во Баку. Најпрво Перес се обиде да го помине Леклер кој се одбрани, тука се уфрли Сајнц излегувајќи пред Перез, за да и двајцата на крај завршат во ѕидот, на два круга пред крајот завршувајќи ја трката.

Под виртуелното возило за безбедност, на крај победата ја однесе Оскар Пјастри.

По Пјастри и Леклер, на третата позиција возачот на Мерцедес, Расел, пред Норис од МекЛарен, а на петтото место заврши Макс Ферстапен од Ред Бул. Понатаму во ТОП 10 завршија и Алонсо од Астон Мартин па двајцата возачи на Вилјамс, Албон и Колапинто. На 9. место трката ја заврши Луис Хамилтон од Мерцедес, а десетии заврши Британецот Берман.

Се вчитува...