Драматична победа на Хамилтон во Монако

Луис Хамилтон дојде до нова победа во Формула 1 шампинатот, славеше на трката за Големата награда на Монако и тоа во неизвесно натпреварување во кое постојано беше во водство, но мораше да се бори цело време со Макс Ферстапен. Пилотот на Ред Бул пак иако имаше втор резултат, завршува на четвртото место поради казната од пет скунди. Инаку и двајцата се под истрага поради меѓусебниот инцидент во финишот на трката кога Ферстапен се обиде да го мине Хамилтон.

Хамилтон имаше проблеми и со гумите во текот на трката, неколкупати влезе во конфликт со тимскиот инженер на тимското радио обидувајќи се да се објасни дека нема да може да издржи цела трка со тие пневматици. За него ова е трета победа во Монако, 77 во кариерата. триумфот го посвети на Ники Лауда.

Себастијан Фетел поради казната на Ферстапен завршува на вторто место, а третото му припадна на Валтери Ботас.

Следната Формула 1 трка епо две седмици заГолемата награда на Канада.

 

 

Се вчитува...