МЗТ Скопје оствари драматична победа над Пелистер на свој терен. „Металците“ иако во текот на целиот меч беа во предност, на крајот можеа да останат и без победата, со оглед дека битолчани се доближија на само еден разлика, со одличната игра во последниот период.
На моменти во третиот период, МЗТ имаше предност и 17 разлика, но опуштањето во редовите на „металците“ можеше скапо да чини, па така „пелистерци“ на крајот се заканија да ја загрозат победата, но МЗТ успеа да го адржи водството и победата од 95-93.
Залудни беа тројцата најефикасни кошаркари на Пелистер Хаџифејзовиќ, Стајиќ и Карпентер. Кај МЗТ Дамјан Стојановски со 16 поени беше најефикасен.
На вториот натпревар во Скопје, во Кале Кожув оствари триумф над Работнички, и така му ја прекина серијата на победи. На крајот и убедлив триумф на тимот од Гевгелија со 58-86. Најефикасен на средбата беше Братоз кој постигна 21 поен. Гевгеличани ја направија предноста недостижан уште на полувремето, а доминираа речиси во секој период од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

