Алжирскиот интернационалец Набил Бенталеб вчера доживеа срцев удар, поради што беше опериран и моментално е во вештачка кома.
Според извештаите од Франција на него бил користен дефибрилатор и морало да се изврши операција за да се спречи најлошото. Сепак, фудбалерот на Лил се уште е во животна опасност.
„Поддршка за Набил Бенталеб и неговите најблиски. Сите во клубот се шокирани и изненадени што ова стана јавно“, се вели во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА