Уште на стартот од последната Формула 1 трка во сезоната, за големата награда на Абу Даби се случи инцидент во кој се судрија Себастијан Грожан и Нико Хулкенберг. Пилотот на Рено излета надвор од патеката и заврши со превртен болид.
За среќа немаше без последици, беше изваден од возилото кое го зафати пожар. Безбедносното возило излезе на патеката во периодот додека беше кренат болидот на Хулкенберг.
За Себастијан Грожан нема да има никакви санкции, соопштија стјуардите. Трката е во тек, со неа завршува Формула 1 сезоната. Луис Хамилтон и Мерцедес ги освоија титулите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА