Девет натпревари без победа, три ремија и шест порази е учиникот на славниот француски клуб Лион на почетокот на првенството. Клубот е далеку од славните денови, кога беше „страв и трепет“ во натпреварите од Лигата на шампионите, и од периодот кога од 2001 до 2008 клубот освои осум титули по ред.
Во екипата е драматично, а тренерот Фабио Гросо бара начин како да ја сврти ситуацијата на подобро. Француските медиуми пишуваат дека тренерот го истакнал бесот со драстичен потег. Наводно Гросо себе и играчите ги заклучувал во соблекувалната на почетокто на тренинзите и се обидел да го најде „кртот“ во екипата, и барал самиот да се пријави. Никој од играчите не сакал да признае, по што Гросо го откажал тренингот.
Гросо има само еден бод во четирите натпревари колку што е на клупата на славниот француски клуб. Екс играчот на француската репрезентација Жером Ротан, од свои блиски извори од клубот открива што се случува во екипата. Ротан тврди дека еден од играчите, притоа не отркивајќи кој, му кажал дека „Гросо е најлошиот тренер со кого соработувал“ и дека „ги оддалечил играчите еден од друг“.
Лион е на разочарувачкото последно место на табелата со само три бода. Дојде и до тренерска смена, но тоа многу не промени во резултатите на екипата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА