Франција на овогодинешниот Евробаскет кој ќе се одржи од крајот на месец август до почетокот на септември нема да може да смета на услугите на Виктор Вембaнјама, пренесуваат француските медиуми.
На центарот на Сан Антонио му беше дијагностициран венска тромбоза во пределот на десното рамо поради која го пропушти крајот на НБА лигата, а и покрај тоа што постоеше оптимизам дека ќе го облече националниот дрес ова лето, шансите за тоа се сведени на минимум.
Рехабилитацијата на 221 сантиметри високиот кошаркар ќе продолжи и во летниот период со цел тој да биде подготвен за почетокот на новата сезона во НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

